Пролет во црно-бели комбинации инспирирани од уличната мода

7 март 2019

Иако пролетта е совршена подлога за експлозија од бои, од секој аспект, па и во однос на стилот, сепак безвременските црно-бели комбинации и оваа сезона не се изоставени.

Напротив, ги преферираат оние кои не се откажуваат од својот дефиниран, минималистички прецизен стил, во кој овој спој на црни и бели парчиња е основен.

Токму за таквите кои не прават исклучок од својот препознатлив минимализам, направивме селекција на ултра урбани комбинации од светската улична мода и ги посочуваме како инспирација.

Секогаш во ваквите комбинации, постојат неколку клучни парчиња што ќе ви го олеснат изборот: бела маичка или кошула, црни панталони или здолниште, кардиган во црно-бел принт...

Како да ги комбинирате меѓусебе или со остатокот од прачињата во вашиот гардеробер, ве мотивираме во продолжение...

Објавено:
7 март 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.562 пати