Пролет во пастелни колор блок комбинации

24 февруари 2018

Пастелните тонови ќе ја обојат оваа пролет и ќе донесат романтично расположение во уличната мода. Особено ќе бидат актуелни пастелните колор блок комбинации што вклучуваат спој на две или повеќе пастелни нијанси.

Доколку веќе се подготвувате за пролетната сезона, имајте во предвид неколку интересни парчиња во пастелни нијанси, затоа што ќе бидат во модниот фокус.

 

Вие може да ги комбинирате омилената пастелна јакна во нежно розова боја со романтичен плисе фустан во минт зелена варијанта или пак панталони со висок струк во нежно сина боја со кошула во потемна сина нијанса.

 

Секако, пастелните комбинации може да ги „разиграте" со парчиња со впечатливи принтови или пак везени детали, што исто така ќе бидат актуелни претстојната пролет.

Инспирирајте се со фотографиите што ги слекетиравме од „пастелната" улична мода.

 

Објавено:
24 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.474 пати