Пролет во спортски – шик комбинации

29 март 2018

Во современиот моден свет, спортската облека доби статус на тренди, шик и нослива надвор од спортскиот терен. Елементи од спортската облека комбинираме во нашите секојдневни, па и деловни и комбинации за посебни пригоди, затоа што модната индустрија ја модифицираше дури и до степен на луксуз.

Според актуелните тенденции, воопшто не е невообичаено ако елегантен фустан се комбинира со патики или бомбер јакна со класични панталони. Така спортската облека, во една нова, модернизирана верзија, си го најде своето место на модниот терен, особено во уличната мода.

Спектарот на материјали, дезени, бои и принтови, имплементиран во изработката на спортската облека, сега е многу побогат и пософистициран, што отвора нови можности за нејзино комбинирање со остатокот од нашиот гардеробер.

Како се носи спортска и лежерна облека во актуелната улична мода, ви пренесуваме низ фотографиите во продолжение.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
29 март 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.481 пати