Пролетни јакни за различни прилики

6 февруари 2017

Иако сè уште ни е сосема удобно во топлите капути и зимата и тоа како е присутна, сепак доколку сакаме добро да го организираме пролетниот плакар, а со тоа и да ги распределиме финансиите за освежување на истиот, може да размислуваме на тема: пролетна облека.

За почеток, рационално би било да ги селектираме основните парчиња облека, меѓу кои секако се и пролетните јакни што ги комбинираме речиси со сите аутфити.

Размислувајте плански и направете избор врз основа на тоа во какви прилики би ги носеле јакните. Доколку сте деловна жена можеби приоритет би ви биле деловните блејзери, а во случај ако имате креативно работно место, можеби би се одлучиле за тренди бомбер или џинс јакна. Во секој случај, пожелно е да имаме јакна или палто во класичен крој или балонер, што би можеле да го носиме во секоја прилика.

Кул кожена јакна

Класичен балонер

Џинс јакна

Тренди бомбер јакна

Блејзер

Објавено:
6 февруари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.483 пати