Оваа сезона сите девојки го сакаат кадифето, поради неговата прекрасна текстура и луксузен изглед, па често на социјалните мрежи можеме да видиме бројни комбинации во кои е вклучен овој материјал.

Со првите зраци на сонцето полека се збогуваме со овие материјали и се префрламе на нешто супер лесно и лежерно како свилата и сатенот.

Веќе е вистинско време зимските капути да ги замениме со нешто лежерно и да блеснеме во полн сјај со шик пролетни комбинации.

Сатенот е всушност попристапна варијанта од свилата, а изгледа навистина добро особено за оние тесни slip фустани и различни кошулки кои девојките сакаат да ги носат со едноставни фармерки.

Во вашите комбинации сатенот секогаш ќе внесе една доза на луксуз и раскош, без разлика дали тесните фустани ќе ги носите со обична бела маичка одоздола во дневните варијанти или пак како засебно парче за вечерните.

Во топлите денови што се пред нас, сатенот ќе направи да се чувствувате супер и ќе им даде една нова, поинаква и уникатна доза на сите ваши комбинации.

Дефинитивно, најголем хит кога е сатенот во прашање ќе бидат slip фустаните кои девојките сѐ почесто ги обожаваат за дневните комбинации надополнети со кошули, тексас јакни, патики или чевли на потпетица.

Низ улиците овие фустани ќе ги видите дури и во црна варијанта комбинирани со сина тексас јакна, бела маичка и рамни чевли, или пак во некоја друга варијанта на слоевита комбинација.

Вистински хит ќе бидат и едноставните сатенски кошули во нежни бои, но и „пижамите“ на кои се чини веќе се навикнавме да ги гледаме и во дневна варијанта.

Секако, да не ги забораваме ниту сатенските палто – фустани кои можете да ги носите како две различни парчиња, или пак само како мантил во комбинација со фармерки и памучна блузичка.

Без разлика на тоа која комбинација најмногу ви се допаѓа, погрижете се да набавите барем едно вакво парче со кое ќе блеснете оваа пролет.

Објавено:
16 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.996 пати