Првиот викенд во април носиме...

5 април 2019

Пред нас е викенд, според временските прогнози, дождлив и облачен, ама тоа нема да нè спречи да се дотераме и да изгледаме убаво.

Независно дали ќе одбереме дестинација надвор од урбаната средина или ќе се придружиме на некоја клубска журка, секогаш со задоволство ги комбинираме нашите викенд аутфити, се разбира соодветно прилагодени на амбиентот.

Ако овој викенд во вашата aгенда е журка, тогаш по тој повод издвојуваме неколку впечатливи и кул комбинации во кои секако ќе привлечете внимание.

Задолжителни парчиња во нашите викенд комбинации се: џинс и панталони со висок струк, предимензионирани џинс јакни или блејзери, комбинезони, парчиња во неонски бои, маички со натписи, минималистички накит со акцент на обетките...

 

 

Објавено:
5 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.772 пати