Пуфкастите ракави на пиедестал и следната сезона

19 февруари 2019

Веројатно дома веќе имате некоја блузичка или фустанче со пуфкасти ракави, па сега е време да ја побарате бидејќи истите повторно ќе бидат хит следнава сезона.

Блузичките со предимензионираните ракави девојките обожуваат да ги комбинираат со шик фармерки или панталони со висок струк, а во студените денови и со некој стилски капут или палто.

Иако овие парчиња потсетуваат на некои дамнешни времиња, сепак девојките денеска им даваат модерна и урбана нота и ги обожаваат.

Ваквите ракави се неодоливо шармантни и ќе направат да изгледате супер женствено и шармантно, па затоа истите се полн погодок за многу пригоди.

За секојдневен изглед, комбинирајте ги со едноставни фармерки, додека за вечерните изданија со некое здолниште или стилски панталони.

Ако сè уште во плакарот немате вакво парче, овие сончеви денови се одлична можност да го поправите тоа.

 

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
19 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
856 пати