ПВЦ здолништа - доминантен моден избор сезонава

16 декември 2013

 

Ако се водиме според  понудата на „high street“ брендовите, фетишот премина во „mainstream“  владее на урбаните улици. Т.н ПВЦ здолништето не можете да го носите на работен состанок, освен ако не сте Лејди Гага, но ова заводливо модно парче одлично ќе ви послужи за вечерни прилики кога на вашата одбрана комбинација сакате да и дадете помалку невообичаен и секси изглед.

 

Ријана,Лана Пуљиќ, Карли Клос, Алекса Чанг, Северина Ријана,Лана Пуљиќ, Карли Клос, Алекса Чанг, Северина

 

На есенската ревија на модната куќа Барбери, претставен е фантастичен модел на здолниште во бордо боја кое што го носеше Карли Клос. Кошулата со принт од срциња со која е комбинирано здолништето, предизвика одлични реакции бидејќи промовираше неодолив софистициран изглед на стајлинг. Ако сте љубител на еклектичкиот стил, стилот на хрватската дизајнерка Лана Пуљиќ, која се одлучила за ПВЦ здолниште со широк опсег, лаковани чевли, мрежести чорапи, пепито блуза и колоритна капа е идеалниот избор за вас. Пејачката Ријана се одлучила за силно црвено ПВЦ здолниште, дизајнирано од модната куќа Миу Миу кое го комбинирала со обична сива маичка и тексас капут. Северина пак, се реши за моделот на Мануел Малигеца и понуди една малку посекси визија, а трендсетерката и моделот Алекса Чанг покажа како ПВЦ здолништето може да се комбинира и со удобно бело плетиво и рамни обувки.

 

 

Во зависност од буџетот со кои располагате на модниот пазар можете да најдете импресивен број на модели и понуди кои сигурно ќе одговараат на она што можете да си го дозволите и да бидете во тренд. Британскиот „high street“ гигант Топшоп во својата поуда има молив здолништа во  богат колоритен избор, како и популарните „skater“ здолништа кои потсетуваат на ламбада здолништата и ја воодушевија младата популација. Дизајнерот Џонатан Сандерс предлага пристоен модел во кремаста  нијанса, а модната куќа Валентино го сугерира најсексапилниот модел кој ја одбележа сезоната, молив здолниште во силна црвена боја, модел во кој дефинитивно нема да останете незабележани.

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Тренд