Ременот ја истакнува половината и женственоста

14 јануари 2014

c-asos-pleated-plaid-midi-skirt

Ова е еден од најпосакуваните модни додатоци сезони наназад. Стилистите го препорачуваат во секојдневните комбинации, како задолжителен додаток. Ја нагласува половината, но и женственоста.

Покрај тоа, ремените се практични бидејќи можат да се комбинираат и со фустани, јакни, панталони, кошули, туники... Ако го одберете вистинскиот модел и боја, со ременот не можете да згрешите. Сепак, пред било што да  направите или купите, добро запознајте се со вашето тело и со тоа на кои места е пожелно да носите ремен, а на кои не.

Понудата е голема и богата. Во тренд се тенки ремени, од кожа, лаковани, плетени, со ништни, камчиња... Актуелните и оние во изразено силни бои.

Одлични се и за деловни комбининации, со тесни здолништа или фустани со рамен крој. Се користат и во свечени варијанти.

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Тренд