Рики Мартин и сопругот го очекуваат четвртото дете

1 октомври 2019

Популарниот пејач Рики Мартин и неговиот сопруг Џуан Џозеф го очекуваат четвртото дете, соопшти пејачот на вчерашниот настан во Вашингтон на кој ја прими наградата за филантропија и промоција на правата на ЛГБТИ заедницата.

today_show

„Моето семејство е тука. Џуан, моментално не те гледам, но те сакам, моите прекрасни близнаци Валентино и Матео, ве сакам, вие сте мојата сила и секој ден ме инспирирате да продолжам да го правам она што го сакам. Лусиja, моето мало девојче што не е тука вечерва, остана дома со баба ѝ, е исто така светлина во мојот живот“, изјави пејачот на сцената.

Тој го заврши говорот со зборовите: „Морам да ви кажам...Ние сме бремени, во очекување сме на уште едно дете. Многу сакам големо семејство“, по што наиде на силен аплауз од публиката што беше воодушевена од вестите.

yahoo

Инаку, Рики и Џуан се во брак од 2018 – тата година, а во декември ѝ посакаа добредојде на нивната заедничка ќерка од сурогат мајка. Рики веќе ги имаше 11 – годишните близнаци Валентино и Матео.

Инфо: Page Six

Објавено:
1 октомври 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.095 пати