Ова е дефинитивно едно од омилените парчиња на Парижанките, а судејќи според нивниот беспрекорен стил и реноме, тогаш знаете дека станува збор за вистински класик.

Бидете вистинска дама и оваа есен комбинирајте ролка со што и да посакате, ризикувајте и правете храбри комбинации во кои ќе блеснете каде и да одите.

Девојките сезонава носат ролки во неутрални бои и ги комбинираат со панталони или здолништа во иста нијанса со што се добива еден шармантен и неодолив изглед.

Овие парчиња се вистински класици и секоја дама треба да има барем една ролка во својот плакар, бидејќи истата е совршена за оние денови кога не знаете што да облечете.

За дополнителна инспирација, погледнете како девојките ширум светот ја носат и со што ја комбинираат неодоливата ролка.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
13 октомври 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.652 пати