Романтична зима во пастелни комбинации

29 ноември 2017

Ако сте љубители на пастелната палета на бои, тогаш оваа зима пред вас е голем избор на тренди парчиња обоени во нежни розови, сини, зелени нијанси.

Неизбежни се предимензионираните плетени џемпери и топлите, макси капути во голем избор на пастелни тонови, како и сите модни додатоци со кои зимскиот стајлинг е комплетен.

Оваа палета совршено се комбинира со џинс, како и со монохроматските парчиња и со металните нијанси, па варијантите на спојување се навистина бројни.

Ако разгледате каква е актуелната улична мода низ светските метрополи, ќе најдете инспиративни идеи како да ја имплементирате пастелната палета во вашиот зимски стил, а ние издвојуваме неколку впечатливи примери во галеријата во продолжение.

Фото извор: Pinterest

 

Објавено:
29 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.344 пати