Романтични бели креации од H & M за оваа пролет
•
6 април 2015
Иако сѐ уште не можеме вистински да ѝ се израдуваме на пролетта, од H & M веќе ги подготвија најубавите бели парчиња за првите зраци на сонцето.
Со само еден поглед на овие софистицирани, а во исто време и романтични парчиња, и повеќе од јасно е дека оваа пролет ќе ја поминеме во прекрасни, бели креации.
Судејќи по кампањите и фотосесиите, кај бројните брендови оваа сезона може да се сретнат голем број на парчиња во бела боја, меѓу кои најприсутни се белите бохо фустанчиња.
Дел од понудата е и еден прекрасен фустан без прерамки што апсолутно може да се искористи и како шик венчаница доколку вашата свадба е на лето.
Од нивната актуелна понуда, во продолжение погледнете ги најубавите бели парчиња во кои сме сигурни дека ќе се вљубите.