Романтични блузи и кошули со панделки

19 септември 2017

Современата елеганција подразбира минимализам, едноставна естетика и по некој интересен детаљ.
Романтичните кошули и блузи украсени со панделка, се едно од оние безвременски парчиња што ѝ припаѓаат токму на современата класика.

Претстојната есен ќе ги носиме во различни изданија. Плетени блузи со сатенски ленти врзани во панделки, свилени кошули со масивни машни околу врат или кошули во пруги со панделки околу струк.

Веќе може да забележиме интересни комбинации и во уличната мода со ова омилено парче од есенскиот гардеробер. Неколку селектиравме и во галеријата во продолжение со цел да ве инспирираме за претстојната сезона.

Фото извор: Пинтерест

 

Објавено:
19 септември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.131 пати