Романтични парчиња во пастелни бои

18 мај 2018

Дури и ако не сте фан на романтичната естетика, тешко дека ќе одолеете на огромниот избор на летни, романтични парчиња обоени во пастелни нијанси.

Пастелниот колорит доаѓа до израз особено во летната сезона, кога ги носиме омилените лелеави макси и миди фустани, широките кошули, комбинизоните со широки ногавици или еспадрилите – сите со своја пастелна варијанта во различни бои.

Парчињата во пастелни нијанси се одлична подлога и за колор блок комбинации, па лесно ќе ги соединете со другите парчиња во интензивни бои – како што е комбинацијата на пудресто розова и интензивно црвена, нежно сина со портокалова или јака виолетова со жолта.

Доколку ви недостасуваат идеи како пастелните бои да ги вклопите во вашиот стил, ви предлагаме неколку интересни солуции...

Објавено:
18 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
968 пати