Сако – фустан носиме и во зима!

5 јануари 2018

Меѓу оние стилски парчиња што ја одбележаа минатата сезона беше и сако – фустанот, што доби свои бројни верзии и во линиите на луксузните брендови и во колекциите на „high street" етикетите.

Доколку веќе поседувате едно вакво парче во плакарот, наместо да ја чекате следната топла сезона, ќе ви предложиме неколку интересни верзии како сако – фустанот да го комбинирате и оваа зима.

Една варијанта е со крзнени детали, шал, шубара, наметка, за отмен и префинет изглед... Следно, може да го комбинирате со исто толку актуелните високи чизми над колена или пак со дебели, плетени чорапи над колена и мокасинки.

За коктел забава или неформална вечера, секогаш сигурна варијанта е во комбинација со класични салонки, но во опуштен амбиент сако-фустанот може да го комбинирате и со патики или пак мото чизми.

Инспиративни идеи следуваат во галеријата во продолжение:

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
5 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.246 пати