Се најавуваат тенденциите за 2020 – ова ќе биде еден од најатрактивните модни трендови

25 декември 2019

Крајот на годината е време за сумирање на впечатоците, но и за најава за тоа што нè очекува претстојната година.

Па во моден контекст, модните инсајдери и познавачите на сферата, веќе имаат своја прогноза што ќе биде моден хит претстојната 2020 година.

Ако се земат во предвид и летните колекции на светските дизајнери, како и парчињата што по својата естетика и дизајн доминраат, тогаш еден од трендовите што ќе ужива голема популарност се голите рамена, односно облеката што сензуално ги открива рамената.

Оваа тенденција беше актуелна и минатата сезона, а во нов и модифициран изглед, ќе биде сеприсутна и сезоната пролет-лето 2020. Асиметричните и неконвенционалните кроеви ќе играат голема улога во нивната допадливост.

Прелистувајќи ги профилите на светски познатите блогерки наидовме на интересни предлози што уште сега стилски ќе ве подготват за претстојната сезона.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
25 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.405 пати