Седум цветни фустани инспирирани од Дуа Липа за совршен крај на летото

14 август 2019

Иако има уште некоја недела до крајот на летото, а се чини дека температурите нема да не издадат, време е на последните попусти да ги набавиме сите стилски модели на цветни фустани по супер цени.

Токму фустанот на светски познатата пејачка со потекло од Косово, Дуа Липа е пример за тоа колку девојките ги обожаваат овие модели летово, а се чини дека и никогаш нема да излезат од мода.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dua Lipa (@dualipa) onAug 7, 2019 at 2:01am PDT

За средбата со пријателите, пејачката одбра романтично фустанче во темно сино нијанса по чија површина беа распоредени бели цветови од камилица.

Фустанот имаше длабоко деколте со карнери, а шармантната пејачка истиот го надополни со црн ремен со светкав украс во предниот дел.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dua Lipa (@dualipa) onJul 26, 2019 at 10:35am PDT

Ваквите лежерни фустани со цветен принт се совршени за секоја пригода, особено за летните свечености за кои знаеме дека ги има многу.

Можат да ви завршат и одлична работа кога немате време да се дотерувате за на работа, а сепак сакате да изгледате средено, па за кратко ќе имате добитна комбинација.

Она што е супер е тоа што истите можете да ги носите и на почетокот на есента, во комбинација со некои интересни чизмички до глуждовите и омилената кожена јакна како стајлинг со кој никогаш нема да погрешите.

Без разлика кој модел на цветен фустан ќе го одберете, бидете сигурни дека нема да погрешите.

Инфо и фото: Elle.hr

Објавено:
14 август 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.232 пати