Седум парчиња што мора да ги имате ако сте 30+

20 октомври 2017

Додека сме млади честопати купуваме многу облека, но не и многу квалитетна. Експериментираме со стилот, па затоа е и дозволено да имаме секакви парчиња во гардероберот.

Но, после 30-тата, не дека престануваме да бидеме млади, но се претпоставува дека сме веќе зрели, а тоа треба да го покажеме и преку стилот и начинот на кој ја бираме облеката.

Секоја жена во овој период од животот треба да покаже дека е доволно свесна за својот изглед,  да покаже став, стил и одважност.

Токму затоа, во продолжение прочитајте кои се петте парчиња што секоја жена после 30-тата треба да ги има:

 

Квалитетна чанта од кожа

Можеби нема да имате многу чанти како порано, но ќе имате квалитетни што ќе траат. За почеток, најдобро е да ги имате основните нијанси – беж, црна, сива и сина, кои можете да ги комбинирате со многу комбинации. Потоа, надградете се со кафени нијанси, а потоа и со посмели.

Квалитетни чевли

Ова важи за било која декада. Здравјето на нозете е подеднакво важно како и останатото, па затоа не мачете ги стапалата во секакви обувки. Покрај тоа, со квалитетна чанта и треба да имате и такви обувки. Потребни ви се квалитетни салонки, чизми и сандали и рамни обувки, што потоа ќе ги надградувате.

Мантил

Не е случајно тоа што „Барбери“ опстојува со години. Неутралната боја и квалитетниот материјал и изработка го прават ова парче ивестиција вредна со години. Исто така, е идеално парче за комбинација во пролетните и есенски месеци, со фармерки, панталони, фустани, здолништа и кошули...

Долна облека

Кога ќе наполните 30, веќе е вистинско време да престанете да купувате неквалитетна долна облека, која ви трае само неколку носења. Штом еднаш ќе купите квалитетен градник, разликата ќе ја воочите веднаш. И не претерувајте со „пуш ап“ моделите, бидејќи складното е секогаш најдоба опција.

Бела кошула

Ова е исто едно од правилата што важи за речиси секоја декада. Белата кошула е безвременско парче и добро е да имате неколку различни модели во вашиот гардеробер што ќе ги вклопите во комбинациите за различни пригоди. Исто така, внимавајте на материјалите од кои се изработени.

Џинс

Сè што важи за останатите, важи и за џинсот. Купувајте што поквалитетни фармерки и тоа оние со висок струк. Нема потреба веќе да се измачувате со низок струк, што ви ја сече половината, ви ги истакнува недостатоците и не му ласка на вашето тело.

Секси фустан

Не е важно кој адут ќе го потенцирате, сè додека еден го зазема фокусот. Заборавете на комбинациите од 20-тите кога носевте мини, деколтирани фустанчиња, во кои повеќе откривавте отколку што сокривавте нешто. Сега ви е потребен фустан во кој ќе се чувствувате дамски и со самодоверба. Малиот црн фустан е број еден, но купете макар уште една во боја или во склад со актуелните трендови.

Објавено:
20 октомври 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
8.214 пати
Тагови: 
стил 30+ парчиња