Седум шик парчиња од новата колекција на Манго

26 јули 2017

Иако летната сезона е во својот ек, новите есенски тенденции веќе се тема на муабет во модните кругови.

Како најава за претстојната есен, Манго ги носи новите тренди парчиња што се во духот на лежерноста и опуштениот изглед. Кроевите се лесни и лелеави, должините варираат од миди до макси, а карнерите повторно се присутни како носечки детаљ.

Иако повеќето парчиња од новата Манго сезона се еднобојни, сепак принтовите нема да изостанат како момент, а особено ќе доминираат флоралните и точкастите принтови.

Помеѓу модните додатоци, неизбежно е да не се забележи дека „sock boots" го имаат приматот и се комбинираат во сите варијанти, од дневни до вечерни и свечени.

Фото: Манго

 

 

Објавено:
26 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.123 пати