Шапката на Фарел Вилијамс инспиративен стимул на зимските колекции

28 февруари 2014

Фарел Вилијамс со шапката на Греми наградите со потпис на дизајнерката Вивиен Вествуд Фарел Вилијамс со шапката на Греми наградите со потпис на дизајнерката Вивиен Вествуд

Пејачот со светска слава, Фарел Вилијамс предизвика лавина коментари кога на доделувањето на Греми наградите оваа година се појави со неверојатно креативен модел на шапка (Mountain hat), дизајнирана од безвременската модна дама Вивиен Вествуд. Откако, пејачот регуларно си ја купил шапката од продавницата на Вествуд по цена од 95 фунти, каде што сè уште е достапни во дванаесет други бои, решил да ја даде на аукција на интернет сајтот Ebay, а собраните пари да бидат донирани во хуманитарни цели. Со оглед на медиумската бура која ја предизвика шапката и интересот на јавноста бил навистина голем, крајната сума со која е продадена е 15.000 долари.   Но, шапката не го привлече само вниманието на медиумите и публиката туку и на дизајнерите, на кои се чини дека фантастичниот модел им послужи како инспиративен стимул, за тоа како треба да изгледа трендот за шапки за наредната зимска сезона. Во сите четири модни престолнини каде што се одржаа модните недели и последната во Париз која сè уште е актуелна фокусот падна на истата алтернатива, шапка со висок врв само во различни кроеви. Убав е моментот кога дизајнерите ги сплотуваат своите размислувања во поглед на тенденциите, а особено важно е што секој дизајнира сопствен модел на иста основа, користејќи ја својата инвенција и фантазија во креирањето на крајниот изглед. Во продолжение погледнете како ќе изгледаат најмодерните шапки за сезоната есен-зима 2014/15.

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Тренд