Шармантен избор за деверици: фустани во боја на шампањ

3 јули 2017

Многу често младоженците за својата свадбена церемонија одбираат една тематска боја која ќе биде декоративна база и ќе и даде дополнителна естетска целина.

Иако не е правило, девериците на свадбата исто така се тематски облечени во една заедничка боја или барем на себе носат некои унифицирани детали.

Еден идеален избор кога се во прашање боите на фустаните на девериците, се нежните беж тонови или нијанса на шампањ.

Оваа боја во комбинација со свечен фустан изгледа грациозно и софистицирано и е вистински избор за пригодата.

Alice+Olivia

Asos

Forever 21

Nicole Miller

 

Објавено:
3 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
969 пати