Шест модни моменти за жени со стил во 40-тите

19 октомври 2013

 

40-тите години бараат извесна задржаност во поглед на стилот и секојдневните комбинации. Бидејќи вие веќе не трагате по вашиот моден идентитет,  дозволете си вистинско „галење“ со квалитетна гардероба и класични парчиња. 40-тите се годините кога вие вложувате во себе, кога имате дреден кредибилитет и авторитет кон луѓето, нештата и кон себе па со задоволство можете да си припуштите сјајна кожена чанта, совршен капут, идеални чевли со потпетица, но на вашата листа треба да се најде и:

 

stk67999cor

 

Крема за лице

Инвестирајте во скапа ноќна крема, на тој начин освен што ја хидрирате вашата кожа на лицето ќе ја смалите и надуеноста околу очите наутро.

 

Фризура

Жена во 40-тите години мора да има совршена фризура. Редовно негувајте ја вашата коса и барем еднаш месечно посетувајте го вашиот стилист.

 

 

Накит

Дозволете си  неколку уникатни и посебни парчиња накит. Изборот е ваш во согласност со вашиот стил, желба и потреба.

 

 

Кожени ракавици

Со кожени ракавици ќе изгледате отмено, истовремено се и практични и дополнителен моден аксесоар.

 

 

Фустан со постава

Фустан или здолниште без постава не треба биде ваш избор.

 

 

Удобни балетанки

Чевлите со високи потпетици,  се вистински избор, но за посебни прилики. Секојдневието резервирајте го за удобните балетанкин. Прошетка, кафе-муабет, шопинг тура низ трговски, тие се вистинската комбинација за секој ваш ден. Купете квалитетен  пар кој ќе можете да го носите неколку сезони.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
19 октомври 2013
Категорија: 
Тренд