Шик алтернатива за класичниот костум

9 декември 2016

Елегантното женско одело е безвременска класика, речиси секоја жена го има во една или повеќе варијанти во својот плакар, а е најсигурен избор за секој деловен состанок.

Но, едноставно понекогаш има денови кога на деловен ручек имате желба да се појавите во некоја поинаква деловна комбинација, како алтернатива на класичниот костум.

А секако алтернативи има и тоа апсолутно шик, тренди, женствени и сосема соодветни за деловниот свет. Дури и тенденциите што последниве неколку сезони се највлијателни, им се наклонети на деловните дами, па лесно може да најдете парче што ќе се вклопи во вашиот деловен имиџ.

Ви ги препорачуваме макси капутите на врзување, модните додатоци изработени од вештачко крзно, дезенираните шалови, дводелните комбинации на здолниште до или под колена со сако или плисирано здолниште комбинирано со плетен џемпер.

Како инспирација може да ви послужи и одмерениот стил на женските ликови во популарните серии „House of Cards" и „Suits".

 

 

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.027 пати