Шик и на -10

3 јануари 2017

Германската модна блогерка Маја Вух е вистински пример како може да изгледате шик и на десет степени под нулата. Таа важи за стилска икона во уличната мода која е умешна во стилизирањето на слоевити комбинации што се идеални за оваа сезона.

Нејзините фото приказни се сместени во сосема секојдневни ситуации, а сепак се толку необични и уникатни, поради што ги освои симпатиите на модните вљубеници ширум светот.

Во продолжение издвојуваме дел од нејзините инспиративни зимски стајлинзи што со сигурност ќе ве натераат да се дотерате и покрај студот.

Објавено:
3 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.780 пати