Шик комбинации од „Сексот и градот“ што ќе ги носиме летово

26 април 2017

Од оваа временска дистанца (откако не се емитува веќе неколку години) може вистински да го согледаме влијанието на веќе култната серија „Сексот и градот". Се уште се зборува за познатите „женски фори", реплики, ликови, а она што нас и најмногу ни е во фокус – модните моменти.

Серијата буквално со години ги диктираше модните трендови, а нејзиното модно влијание се чувствува и денес. Тоа воопшто не е за изненадување, со оглед на фактот дека големо внимание беше посветено на градењето на стилот на ликовите, секогаш облечени во впечатливи дизајнерски парчиња.

За оваа летна сезона слободно може да се навратите на серијата и да се инспирирате за тоа што ова лето ќе носите, верувајте ќе најдете многу парчиња што денес повторно се актуелни. Ќе ги споменеме: здолништата од тул, колор блок комбинациите, монохроматските стајлинзи, фустаните со прерамка на едно рамо, флоралните фустани...

 

 

Објавено:
26 април 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.108 пати