Шик комбинации за летни свечености

31 јули 2017

Летото е период кога нашиот календар е со „густ" распоред со датуми резервирани за различни свечени прослави, од интимни семејни вечери до венчавки на драги личности.

Притоа во изборот на соодветен аутфит за летната прослава, секогаш е корисно да имаме инспирација плус за воопшто да не дојде до моментот на паника: немам што да облечам или овој фустан веќе го носев неодамна.

Затоа, селектиравме неколку идеални свечени комбинации што може да послужат како инспирација доколку наскоро ви следува некоја свеченост. Сè уште се актуелни макси фустаните со цветен принт исто како и комбинезоните со впечатлив горен дел. Едноставниот црн фустан е незаменлива класика, а оваа сезона во фокусот се романтичните фустани на преклоп.

alice_olivia

alice_mccall

caroline_constas_irene

diane_von_furstenberg fame_and_partners

isa_arfen

j.crew

lela_rose

msgm

self-portrait

topshop

veronica_beard

Објавено:
31 јули 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.429 пати