Шик комбинација: Кошула со карнер + украсени фармерки

26 мај 2017

Иако оваа недела се чини дека наскоро може да очекуваме есен наместо лето, сепак, прогнозата вели дека времето многу наскоро ќе се подобри.

Во исчекување на прекрасното сонце кое секогаш со себе носи добро расположение, она што денеска ви го предлагаме е оваа супер шик комбинација која е навистина стилска, но и неверојатно удобна.

Во истата сместивме сино – бела неодолива кошулка со карнер во долниот дел како еден од најпосакуваните модели сезонава и ја комбинираме со тесни фармерки со интересна должина.

Фармерките се украсени со интересни детали по површината како испишани црни букви и кристали и суптилни нитни кои им даваат една сосема поинаква димензија.

Оваа комбинација можете да ја носите за безброј пригоди, па така, стилизирајте ја со различни чевли за секоја.

Одлична е ако ја надополните со високи, но удобни потпетици во нежна крем нијанса како на фотографијата, а подеднакво стилска ќе биде и комбинирана со рамни патики за секојдневните попладневни прошетки и уживање во кафето со пријателките.

Доколку сѐ уште немате ваков модел на кошулка во вашиот плакар, тогаш имате задача да го набавите што поскоро од продавницата на Oltre во трговскиот центар Рамстор каде ќе најдете и многу други прекрасни модели, како и чевлите од фотографијата.

Фармерките ги има во безброј варијанти и броеви во продавницата на Fiorella Rubino, каде ќе најдете и многу други шик пролетни парчиња.

Стајлинг: Fashionel.mk

Комбинација: Магнетик Груп

Модел: Лидија Ангелкова

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка: Елена Лука

Објавено:
26 мај 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.154 пати