Веќе знаете дека девојките во последно време обожаваат да носат пошироки панталони во кои ќе уживаат во текот на целиот ден, па есента носи токму такви трендови.

Познатите светски блогерки веќе најавија дека претстојната сезона ќе носиме панталони со висок струк изработени од пријатен материјал и со претежно широки ногавици, па сега е време и вие да го најдете вашиот фаворит низ продавниците.

Светските модни брендови како Клое, Калвин Клајн, Баленсијага и други во своите колекции сместија вакви и слични модели на панталони за кои веќе има листа на чекање.

Дел од дизајнерите нудат и спортска верзија на овој модел со странични џебови за сите оние девојки кои сакаат уште полежерна варијанта на овие тренди панталони.

Она што треба да се напомене е дека ако сакате да изгледате женствено, мора да ги носите со романтични кошулки или маички, дополнително украсени со внимателно одбрани детали.

Што се однесува до чевлите, носете ги со едноставни бели патики за спортска варијанта, рамни сандали за на работа или пак високи потпетици за специјални пригоди.

Во галеријата можете да погледнете дел од најпопуларните модели на есенски панталони поради кои едвај ја чекаме претстојната сезона.

Извор и фото: Buro 24/7

Објавено:
15 август 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.295 пати