Шик пролетни комбинации за стилски забави

10 април 2019

Пролетната сезона со себе носи и голем број забави, свадби и разни други свечени пригоди, па така мора да се подготвиме со шик комбинации.

Обновете го вашиот плакар со неколку нови и свежи парчиња во кои ќе блеснете на секоја забава на која ќе бидете поканети, но направете си стилски модни комбинации и со она што веќе го имате.

Женствените фустани и оваа пролет се на пиедестал, а доколку ги комбинирате со некое стилско и уникатно палто и накит, тогаш имате полн погодок.

Оваа сезона девојките сакаат да носат и блузички со карнер на едно рамо, строги костими во јаки бои, лежерни фустани со цветен принт, кошули со точки и панделки и што уште не.

Ова се само некои од парчињата со кои можете да го збогатите вашиот плакар, ако сè уште ги немате.

Никогаш не заборавајте и на модните додатоци, па така сезонава снабдете се со уникатни и впечатливи шноли, интересни обетки, многу алки и шик чантички.

Низ фотографиите ќе видите и совршени комбинации за концерт на отворено, составени од куси фармерки и романтична бела кошулка со плетена чанта и сандали што мора да ги имате.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
10 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.199 пати