Што да носите кога температуратa (сè уште) варира?

5 ноември 2019

Според временските прогнози, температурите периодов сè уште ќе варираат, а временските услови уште се некако помеѓу сезоните.

Токму ваквиот преоден период, честопати нè предомислува околу соодветниот избор на облека, кога постои драстична разлика меѓу утринската, дневната и вечерната температура.

Затоа од моден аспект, најпрактично решене, што истовремено нуди широк избор на комбинации, е слоевитото комбинирање на облеката.

Па, во ваков случај за резерва секогаш ќе си понесете со себе јакна или капут, а на себе може да облечете топол џемпер во комбинација со кошула, блузон со шал, фустан по долги ракави изработен од подебела ткаенина или пак блејзер комбинран со плетена блуза или ролка...

Мотивација побаравме во секогаш инспиративната улична мода, од каде ви пренесуваме неколку слоевити аутфити што се издвојуваат по својата впечатливост и функционалност.

Објавено:
5 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.799 пати