Што да носиме на работа во зима?

7 ноември 2018

Златен моден совет за овој период од годината е слоевитото облекување. Но, и тоа понекогаш знае да направи проблем, бидејќи можеме да претераме, или да згрешиме со комбинациите.

Без разлика дали или колку ја сакате зимата, факт е дека понекогаш знае да биде навистина комплицирано да се направи вистинската комбинација, особено кога се деловните комбинации во прашање.

Како да се облечете а да биде топло, модерно, доволно професионално и тренди?

Ние имаме неколку предлози во продолжение:

 

Ролка/џемпер+миди здолниште+чизми

Оваа комбинација за која веќе пишувавме, е една од омилените на голем број модни блогерки и инсајдерки, а Викторија Бекам веќе одамна ѝ е верна на оваа комбинација. Доколку работното место ви дозволува креативност во модна смисла, тогаш со сигурност ова е комбинацијата што треба да ја земете предвид.

 

Одело со принт+ролка

Како што гледате, ролката е неизбежно модно парче сезонава. Овој пат, можете да го искомбинирате со одело, кое што сè уште не се симнува од листата на најпопуларни трендови. Во комбинација со кратки чизми или чевли ќе изгледате деловно, моќно и модерно.

 

Плетен фустан+чизми

Ниту една зима не може да се замисли без плетенини, а плетениот фустан е меѓу омилените наши парчиња. Со соодветни чизми, ќе имате едноставен, а сепак ефектен стајлинг.

 

Џемпер+здолниште на копчиња

Фустаните и здолништата со копчиња беа многу популарни во летната сезона, но имаат свое место и во актуелниов период. Здолниште на копчиња од сомот на пример, во комбинација со џемпер е нешто во ќе изгледате женствено и нежно. Ако комбинацијата ви е еднобојна или во неутрални тонови, чевлите нека бидат со принт.

 

Панталони+џемпер

Уште една совршена деловна комбинација со плетени парчиња. Плетената блуза или џемпер искомбинирајте ги со класични панталони сп фалти и чевли и имате сигурна комбинација.

 

Погледнете ги и останатите варијации на темава:

 

Асиметрично здолниште+џемпер+чизми до колена

 

Здолниште со висок струк+кошула+вратоврска+мантил

 

Долго сако+ролка+тесни панталони+чизми

 

Сако+здолниште со фалти+ролка+чизми до глужд

 

Широко здолниште+џемпер со ролка+долг мантил+чизми во иста боја со здолништето

 

Карирани панталони+карирано сако+кошула+чизми до глужд

 

Миди карирано здолниште со висок струк+џемпер+ремен+чизми до лист

 

Панталони во интензивна боја+кошула со принт

Сандалите сменете ги со чизми или чевли

Објавено:
7 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.670 пати
Тагови: 
тренд работа зима
Извор: 
Harper's Bazaar