Што да носите ако имате црвени, жолти, сини чевли...

23 септември 2016

Сите понекогаш купуваме работи што ни се допаѓаат, а притоа во моментот не размислуваме дека можеби и немаме со што да ги комбинираме.

И потрагата по соодветни парчиња знае да биде проблематична, па се надеваме дека со овој текст малку ќе ја олесниме работата.

Во продолжение ќе имате можност да прочитате со што да ги комбинирате чевлите во несекојдневна боја. Па, сите вие што имате жолти, црвени, зелени, сребрени... обувки, овој текст е за вас.

 

Што да носите ако имате црвени чевли

Несомнено дека црвените чевли многу лесно знаат да ни го привлечат вниманието. А изминативе две сезони се вистински хит. Ако сте од оние што се подновија со обувки токму во оваа боја, одерете парчиња во безвременска црно-бела комбинација. На тој начин, вниманието ќе биде насочено кон чевлите што тоа и го заслужуваат. Ако сте од похрабрите, боите блиски до црвената, како на пример, розовата или портокаловата исто добро ќе изгледаат. Морнарско сината и сивата исто така се согласуваат со основните тонови, додека кобалт сината ќе направи баланс помеѓу светлоцрвената и ќе го подели вниманието.


Што да носите со портокалови чевли

Вие што се одлучивте дека сакате портокалови обувки, посегнете по парчиња во сина и портокалова боја. Овие две бои се комплементарни и одлични за комбинирани. На пример, одберете светлосина кошула и џинс со портокалови обувки. На тој начин внесувате топол тон во комбинацијата. Исто така, обидете се и со парчиња во жолта како и беж нијанси.


Што да носите со жолти чевли

Ова е секогаш забавен моден додаток. Асоцира на топлина и живот. Одлично се комбинираат со едноставни, монохроматски комбинации. Сите нијанси на сина се добредојдени во ваков случај. Жолтата во комбинација со темносината посебно се истакнува, особено за формални пригоди. Зелената е уште една боја која е комплементарна со жолтата, затоа не двоумете се некоја ваква комбинација да одберете и за актуелната, есенска сезона.


Што да носите со зелени чевли

А ако имате пак зелени чевли, само свртете ги работите. Жолто здолниште или кошула е совршен пар. Комплементарна со зелената е и црвената и покрај тоа што многумина мислат дека се спротивни, тие совршено одат заедно. Сетете се само на божиќните и новогодишните украси? Совршенство. Зелените обувки можете да ги вклопите и во комбинација што вклучува портокалови тонови, а остатокот ќе биде во некоја црна, кафена или неутрална нијанса.


Што да носите со тиркизни чевли

Ако вашите омилени обувки се помеѓу зелената и светлосината боја, тогаш навистина имате уникатно парче што треба да го истакнете. Секогаш добра опција се светлите тонови како белата, коралната, розовата, кафената. Овие бои заедно изгледаат свежо и се одличен избор особено во пролетно-летната сезона. Ако не сте баш од тие што се пронаоѓаат во нежни тонови, тогаш со темносината и бордо нијансите ќе го добиете посакуваниот драматичен изглед.


Што да носите со темносини чевли

Сите обувки во одредена боја изгледаат одлично во комбинација со нивната боја, но темносината или морнарско сина изгледаат особено добро во комбинација со сини парчиња облека. Независно дали ќе се одлучите за светлосини или темносини тонови, нема да згрешите. По малку жолта или зелена се исто така добредојдени.


Што да носите со виолетови чевли

Виолетовите обувки, особено оние во магента нијанса се уникатни и впечатливи. Повозбудливи и посекси знаат да бидат и од омилените црни. Ако сакате да бидете забележани, тогаш не двоумете се да одберете виолетови чевли. И нема да имате главоболки околу комбинациите, не грижете се, бидејќи се совршени со неутралните нијанси, како и со црна и бела. Сината е исто така пријателска боја. На пример син џинс и виолетови чевли се хит комбинација, а на тоа можете да додадете на пример и топ во розова нијанса.


Што да носите со корални/розови чевли

Коралните и розовите нијанси се мошне женствени, па така и обувките во овие бои. Многу се понежни за разлика на пример од црните, па затоа се совршени за сите што преферираат женствен стил. А кога се боите во прашање, сите пастелни се во игра – од сина до минт зелена. Но, и сивата може да ја направи комбинацијата уште повпечатлива.


Што да носите со беж чевли

Беж чевлите се неутрална варијанта на црните. Светлата нијанса доаѓа одлично во ситуации кога црната е премногу „тешка“. Тоа значи дека следниот пат кога ќе ги земете за комбинирање, носете бела, сива или беж облека. Ќе ја забележите разликата. Ваквите обувки изгледаат одлични и со впечатливи портокалови или црвени парчиња.


Што да носите со златни чевли

Златните чевли се најголемиот тренд годинава. Уникатни се и нема шанси некој да не ве забележи кога ги носите. Затоа е најдобро да ги избегнувате впечатливите принтови во ваква комбинација. Златните чевли се добри со парчиња во црвена, смарагдно зелена, сина или бургунди нијанси. Во комбинација со било кој од овие тонови можете да додадете и бела или црна, доколку е потребно и на тој начин ќе го добиете посакуваниот баланс.


Што да носите со сребрени чевли

Ако златните обувки се „премногу“ за вас, тогаш обидете со металик сребрените. Ништо помалку актуелен тренд. Изгледаат по малку футуристички, и се мошне шик. Одлично можете да ги усогласите со основни парчиња во црна, бела и темносина. Потоа пак, можете да додадете и парчњ во некоја топла боја, која ќе направи баланс, како на пример црвената, розовата или беж.


Што да носите со сиви чевли

Сивите обувки се едни од омилените во модниот свет годинава. За оваа сезона не двоумете се да одберете сиви чевли или чизми, без разлика дали се работи за велур или кожа. Комбинирајте ги со нежни розови нијанси, бела, беж, како и црна. 

Објавено:
23 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.296 пати
Извор: 
thetrendspotter