Што да облечете денес?

13 март 2014

Драги девојки, нека денешното сонце со кое се разбудивте ве мотивира за храбра рокерска комбинација,  надополнета со суптилна  „доза“ на романтични и женствени  додатоци.  Вашиот избор нека биде на кратките кожени панталончиња кои ќе ги споите со транспарентна кошула со принт од бели точки. Врз неа можете да комбинирате сина мото јакна, но нема да погрешите ако облечете и таква во црна боја. Секако, под кратките панталони облечете темни грилонки, а за уште повпечатлив ефект комбинирајте некој интересен пар на свелтли чорапи кои ќе ѕиркаат од црните чизми до глужд. Женственоста нагласете ја преку масивниот ѓердан и малата плик чанта во бела боја. Имајте убав ден!

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Тренд