Што да облечете денес?

26 април 2014

Иако ова саботно утро повторно се разбудивме со дожд, тоа воопшто не треба да ве спречи оваа вечер да блеснете во полн сјај! Обидете се да му пркосите на времето и одберете прекрасни пастелни бои во вашата комбинација. Ова тренди фустанче во нежни бои во комбинација со шармантното џемперче од кашмир се вистинскиот избор за вечерва. Чевлите со ремчиња во беж боја одлично ќе се вклопат во целата комбинација. Што се однесува до модните додатоци, романтичната мини чантичка со златни детали и бразлетната и обетките во слична боја, ќе направат вечерва буквално да блескате!

Објавено:
26 април 2014
Категорија: 
Тренд