Што да облечете денес?

12 мај 2014

За почеток на работната недела ви предлагаме кежуал аутфит во впечатливи и силни нијанси на портокалова и циклама. Фармерките во цигара крој надополнете ги со едноставна блуза или маичка врз која можете да облечете и треч мантил, мото јакна, тексасна или  пуловер,  се зависи од вашата желба , бидејќи комбинацијата  дозволува неколку модели. Освежете дополнително со накит во златна нијанса. Имајте убав ден!

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Тренд