Што да облечете денес?

18 октомври 2013

Овој петок, ден пред викенд,  ви предлагаме женствена, елегантна и софистицирана комбинација од бела,црна и беж боја. Овој избор на парчиња е одличен како за преку ден така и за вечерен изглед. Кожените хеланки или панталони се апсолутен хит, надополнете ги со специфично стилизирано црно сако, бела кошула со карнери во предниот дел и чизмички до глужд во две нијанси. Од аксесоари одберете некој маркантен прстен. Околу шминката за преку ден сведете ја на минимум, а за вечерва можете  само да го освежите изгледот со црвен кармин, а наместо вакви чизмички да облечете црвени салонки. Блескајте!

Објавено:
18 октомври 2013
Категорија: 
Тренд