Што да облечете денес?

14 февруари 2015

Денеска одберете едноставна комбинација од тексас фармерки и бел џемпер. Надополнете ја со урбано карирано палто во машки крој и црни чизми со златно ремче што ја разбива едноставноста на обувките.

sto-denes

Златните детали бирајте ги внимателно, а овој пат важно е да се суптилни. Часовникот со мали златни детали добро ќе се вклопи со чевлите, а чантата во темно сина боја ќе го поврзе карираното палто со целата комбинација.

Внимавајте и на најситните детали и тоа покажете го преку кул маската за мобилен телефон!

Објавено:
14 февруари 2015
Категорија: 
Тренд