Што да облечете денес?

13 март 2015

Блеснете во тренди комбинација на последниот ден од работната недела! Конечно утрово се разбудивме со потопли температури, па без проблем облечете здолниште во кое ќе се чувствувате како дама во текот на целиот ден. Носиме кожено здолниште до колената и го комбинираме со интересно сиво џемперче во две нијанси. Одозгора, одберете го вашиот омилен кариран капут чии бои совршено ќе се вклопат со здолништето. Комбинацијата надополнете ја со црни потпетици и модерна чанта во кафени нијанси.

Имајте одличен петок!

Објавено:
13 март 2015
Категорија: 
Тренд