Што да облечете денес?

30 март 2015

Покрај тоа што утрово нѐ дочека прекрасно сонце, некако и температурите се сосема соодветни за првото пролетно фустанче. Денеска носиме едно такво во црно – бела нијанса и го комбинираме со омилената рок јакничка што едвај чекаше да излезе од плакарот! Бидејќи сѐ уште не знаеме како ќе се развива текот на денот, одберете црни чизмички до глужд на потпетица. Половината нагласете ја со тенко ременче, а што се однесува до накитот, носиме сребрено ланче со срце и ништо повеќе! Црвениот кармин и лакот за нокти во иста нијанса денеска се и повеќе од потребни!

Уживајте во овој сончев понеделник!

Објавено:
30 март 2015
Категорија: 
Тренд