Што да облечете денес?

3 април 2015

Драги дами, денеска носиме прекрасна сина комбинација составена од неколку клучни и безвременски парчиња! Чувствувајте се лежерно во овие шик фармерки кои денеска ги комбинираме со бела нежна кошулка. Одозгора, одберете сино палто што одлично ќе се вклопи во денешната шармантна комбинација. Слатките балетанки во светло сива нијанса одлично ќе се соединат со плик чантичката во совршени пролетни бои. Малите обетки во сина боја ќе и дадат неверојатна завршница на целата комбинација за овој ден!

Кошула, палто, фармерки: Mango

Балетанки, обетки, плик чанта: Parfois

Објавено:
3 април 2015
Категорија: 
Тренд