Што да облечете денес?

9 април 2015

Овој претпоследен ден од работната недела поминете го во прекрасна нежна комбинација што неодоливо ќе ги најави убавите денови што следуваат. Инспирирани од празниците што ни претстојат, денеска носиме нежна комбинација составена од слатко бело фустанче со сини цветови. Бидејќи времето сѐ уште не ни дозволува да се збогуваме со капутчињата, денеска носиме слатко сино со копчиња по средината. Бидејќи голема е веројатноста денеска да продолжите на некоја after work забава, одберете потпетици во иста нијанса и шармантна мини чантичка со златни детали. Обетките и синиот лак се задолжителни за денешниот стајлинг со кој му се спротивставуваме на времето!

Објавено:
9 април 2015
Категорија: 
Тренд