Што да облечете денес?

13 април 2015

На последниот ден од продолжениот празничен викенд, блеснете во рок шик комбинација. Бидете рок дива каде и да се појавите во ова неодоливо фустанче со супер апликации, комбинирано со куса кожена јакничка. Мартинките денеска се задолжителни во комбинацијата, а кафената школска чантичка совршено ќе се вклопи во целиот изглед. Она што е задолжително, се обетките со пердувчиња, очилата за сонце и впечатливиот црвен кармин!

Уживајте во прекрасниот ден!

Објавено:
13 април 2015
Категорија: 
Тренд