Што да облечете денес?

27 април 2015

Овој понеделник започнете го со разиграна и цветна комбинација! Носиме тесни фармерки во светла боја и ги комбинираме со цветна кошулка на долги ракави. Внесете свежина во целата комбинација и одберете балетанки во жолта боја и чанта во иста нијанса. Што се однесува до модните додатоци носиме часовник во златна нијанса и ѓердан со пердуви и кафено ременче.

Имајте одличен почеток на работната недела!

Објавено:
27 април 2015
Категорија: 
Тренд