Што да облечете денес?

7 мај 2015

Нема ништо поубаво на светот од удобни фармерки и лежерна маичка во кои ќе го поминете денот! Денеска носиме boyfriend широки фармерки и ги комбинираме со сива маичка на куси ракави. Внесете доза шик во комбинацијата со изборот на сребрени балетанки и чанта во прекрасна пастелна боја. Како и секој ден, очилата за сонце се задолжителни, а од накит денеска одберете масивна и впечатлива алка.

Уште еден ден до викенд!

 

Објавено:
7 мај 2015
Категорија: 
Тренд