Што да облечете денес?

19 мај 2015

01037f9aed24e62d508ccf08d541c403

Во екот на матурските и апсолвентските прослави, денеска ви предлагаме една шик варијанта. Без разлика дали се подготвувате да бидете гостин на некоја веселба, или пак ви следи втора (или трета) вечер  со која ќе го прославите крајот на средношколските или студентските денови, во оваа комбинација ќе бидете забележани.

Здолниште со тул во црвена боја и едноставна маичка со принт е се' што ви е потребно. Со оглед на тоа дека ноќите знаат да бидат постудени, а и поради шик нотата на стајлингот, земете си и кожена јакна во пудра-нијанса, со чевли со иста или слична нијанса.

Интересна чанта и минимален накит ќе го докомплетираат изгледот!

 

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Тренд