Што да облечете денес?

22 мај 2015

Иако денеска се разбудивме со посвежо утро и дожд во главниот град, тоа не значи дека овој петок не треба да го поминеме во најдобро издание. Денеска носиме тесни фармерки во темна боја и ги комбинираме со нежна бела блузичка. Чевлите овој пат се во црвена боја со интересен принт, а чантата е едноставна, но во исто време неверојатно елегантна. Комбинацијата надополнете ја со златен накит составен од слатки обетки и впечатлива алка.

Ви посакуваме исполнет и прекрасен петок!

Објавено:
22 мај 2015
Категорија: 
Тренд