Што да облечете денес?

22 јуни 2015

Овој прекрасен, засега сончев понеделник, започнете го во супер летна комбинација составена од неколку клучни парчиња. Носиме лесни панталони со црно – бел принт и ги комбинираме со едноставна црна маичка со прерамки. Денеска целиот акцент е во модните додатоци, па така носиме и црна тренди шапка, интересен накит, модерна чанта и црн часовник. Што се однесува до обувките, комбинацијата одлично ќе се вклопи со овие црни шпиц балетанки, а секако и денеска, не излегувајте од дома без очилата за сонце.

Имајте убав почеток на работната недела!

 

Објавено:
22 јуни 2015
Категорија: 
Тренд