Што да облечете денес?

1 јули 2015

sto da oblecete2

Оваа среда, нашиот предлог е една елегантна комбинација. Црн комбинезон со длбок V - израз и широки ногавици е едно од парчињата што треба да ги имате во гардероберот оваа сезона. Тоа е уште едно од оние класични модни избори на кои секогаш ќе им најдете време и место каде можете да ги носите.

Со оглед дека самиот по себе е раскошен и привлечен, модните додатоци се сведени на минимум. Чевли, чанта и ѓердан во жолта боја, која ова лето е повторно апсолутен тренд, на комбинацијата ќе и внесе динамика.

Вака облечени, нема кој не би ве забележал. Високите потпетици секогаш можете да ги замените со елегантни балетанки, а со оглед на тоа дека комбинезонот е црн, имате раширени раце за да го комбинирате речиси со сите бои, кога се модните додатоци во прашање.

Објавено:
1 јули 2015
Категорија: 
Тренд