Што да облечете денес?

7 јули 2015

Денешниов ден резервирајте го за елегантна-деловна комбинација, што истовремено ќе биде соодветна и за вашето работно место, а потоа и за кафе со пријателите. Минималистичка црно-бела комбинација, која вклучува краток топ без ракави и здолниште со висок струк, а во пенкало крој и со преден шлиц. Аксесоарите нека бидат во рок фазон како на пример масивна кожена алка комбинирана со елегантна златна алка и плико чанта со патенти. Имајте убав и елегантен вторник!

Објавено:
7 јули 2015
Категорија: 
Тренд